(ВИДЕО) ЛАПСУЗ на Јанчев: “Ние во Кожувчанка немаме синдикат, ама имаме ISO стандарди!”

“Кожувчанка” со преку 200 вработени нема синдикат кој би се борел за правата на работниците

На гостувањето на радио “Канал 77” гости беа кандидатите за градоначалници од општина Кавадарци, Митко Јанчев и Бетиане Китев. Една од темите на разговор кои ги начна водителот и домаќин на радио емисијата беа и работниците и нивните работнички права односно застапеноста на синдикатите во Република Македонија, посебно во поголемите компании.

На Митко Јанчев, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, му беше поставено прашање дали неговата компанија “Кожувчанка” која има преку 200 вработени, во својата структура има синдикат кој се бори за правата на работниците во оваа фирма. Јанчев малку изненаден од прашањето на домаќинот, збунето одговори дека “Кожувчанка” немала синдикат но затоа пак имала и HACCP стандарди.

На овој неадекватен одговор на Јанчев домаќинот му сугерира дека синдикатот е сосем различно тело и нема никакви допирни точки со стандардите на квалитет.

Немаме децидно синдикат, но имаме ISO стандард каде што имаме на месечно ниво состаноци со раководители и вработени, се обиде да објасни Јанчев.

Водителот беше зачуден од одговорот но во тој момент заѕвони телефонот, се јави слушател на линија и темата замина во сосем друг правец. Но, за да нема дилеми, а тоа многу добро го знае и Јанчев, синдикат е сосем различно од ISO или HACCP стандард.

ISO 9000 е фамилија на стандарди за системите за управување со квалитетот. ISO 9000 е пронајден и составен (изработен) од организацијата ISO (International Organization for Standardization) која е управувана од асоцијација на луѓе кои се овластени и квалификувани во областа за управување со квалитетот.

Додека пак HACCP (Hazard Analysis and Critical Control Point) претставува систем со чија помош се врши идентификација, проценка и контрола на опасностите што се значајни за безбедноста на храната.

Јанчев остана должен на јавноста зошто во неговата компанија не постои синдикат како заштитно тело на работниците. Исто така во досегашниот тек од неговата кампања ниту еднаш ги нема споменато работниците, што ќе превземе доколку стане градоначалник во делот на подобрување на нивните угнетени работнички права кои секојдневно ги има низ дел од локалните кавадаречки компании.