Јанчев на тв дуел со Китев, јавноста очекува вистински прашања од водителот!

Китев и Јанчев на мегдан, конечно на тв дуел на кавадаречки медиум

На иницијатива на кавадаречката телевизија КТВ, испратена е покана за учество во телевизиско соочување т.е тв дуел до двајцата кандидати за градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ и Бетиане Китев од СДСМ.

И двајцата кандидати ја прифатија поканата од телевизиската куќа и најавуваат дека овој ТВ ДУЕЛ ќе биде реализиран во петок 20.10.2017 со почеток во 21 часот. Се надеваме дека никој нема да се повлече од здравствени причини.

Кавадаречката јавност со нетрпение го очекува ова соочување за прват на локален медиум во оваа кампања. Исто така очекува и провоцирачки прашања од водителот кои ќе допрат до срж’та на кандитатите, да ги помести од столче во потрага по вистинскиот одговор.