Јанчев Митко и ВМРО-ДПМНЕ својата кампања ја започнаа од селото Ваташа

Јанчев: Ќе изградиме затворен базен, и други содржини и Кавадарци ќе има модерен комплекс

Митко Јанчев, кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, синоќа се сретна со жителите на селото Ваташа, во рамките на кампањата за локалните избори. Истакна дека секојдневно ќе комуницира со жителите на општината за да се запознае со нивните проблеми, а тие да ги слушнат неговите визии за подобро утре.

[su_pullquote]Јанчев резентираше неколку проекти од општинско значење.[/su_pullquote]„Ние како партија и јас како кандидат имаме предвидено трајно капитално решение за градскиот зелен пазар. На постоечката локација ќе се гради нов пазар и простор за паркирање. Редно беше да се направи и Кавадарци да има заслужен паркинг. Од изградбата на спортската сала досега нема ништо инвестирано. Ние како идна локална власт ќе се заземеме и имаме економски капитален проект. Ќе изградиме затворен базен, и други содржини и Кавадарци ќе има модерен комплекс“ рече Јанчев.

Митко Јанчев и ВМРО-ДПМНЕ својата кампања ја започнаа од селото Ваташа

Во своето излагање, Јанчев најави подобра бизнис клима за кавадаречките стопанственици а се осврна и на планираните проекти за селото Ваташа.

[su_pullquote]Комплетно уредување на коритото на реката луда Мара од Ваташа до градскиот плоштад.[/su_pullquote]„Затворен базен со скејт парк, трим патека, нова економска зона од триесет хектари за средни и микро претпријатија кои ќе добијат земјиште по цена од едно евро за квадрат и комунална инфраструктура за да ја зголемат вработеноста. Комплетно ќе го уредиме коритото на реката луда Мара од Ваташа до градскиот плоштад. Ќе ги решиме проблемите со пороите и со канализацијата. Имаме проект за комплетно уредување од Ваташа до Моклиште” најави меѓу другото Јанчев.

Јанчев Митко и ВМРО-ДПМНЕ својата кампања ја започнаа од селото Ваташа