(ВИДЕО) ВИСТИНАТА НА ВИДЕЛИНА: Кавадаречката општа болница во долгови до гуша!!!

Општа болница Кавадарци со финансиска дупка од вулкански размери

Општата болница во Кавадарци се наоѓа во огромен финансиски долг како резултат на недомаќинското работење на претходните кадри од ВМРО-ДПМНЕ.

Верувале или не, цели 500.000 евра е во долгови кавадаречката болница во која покрај финансиите се соочува и со исклучително ниско ниво на хигиена, нешто за кое граѓаните на општина Кавадарци редовно критикуваа во минатото.

Кавадарци добро ги памети многубројните скандали кои се случија во оваа институција под будното око на ДПМНЕ, Никола Груевски, Никола Тодоров и локалните кавадаречки полтрони. Кавадарци никогаш нема да заборави кога инфузија на мало дете му беше ставена додека како држач-потпора користен беше отпаден картон. За лошиот квалитет на исхраната ви текнува на децата кога им даваа пасиран компир во чашка од јогурт, кога лажичка децата си носеа од дома, кога за родителите оброк следуваше една кришка леб и едно варено јајце.

kavadarci-bolnica-mizerija1

 

kavadarci-bolnica-mizerija2

Непрофесионалноста во одредени сектори како што беше катастрофално лошото мени за пациентите ги премина сите граници, вреднувајќи ја оваа институција од најнизок ранг. Граѓаните на општина Кавадарци иако редовно плаќаат данок, услугата добиваа на мизерно ниво.

Болница Кавадарци

Ерата на криминогените структури на ДПМНЕ е завршена. Општата болница Кавадарци сега има нов менаџмент, на чело со доктор Диме Коцев.

Коцев во интерес на јавноста обелодени што затекнале тој и неговиот тим откако се дојдени на позиција да менаџираат со оваа институција. Резултатите биле застрашувачки.

Финансискиот пресек вели дека 32.000.000 денари е долгот на општата болница во Кавадарци со можност истиот да биде зголемен до крајот на годината. Коцев вели дека затекнале еден недомаќински однос кон опремата на болницата и нејзините материјални добра.

Нечовечкиот меѓусебен однос и нетрпение помеѓу вработените се рефлектираше и врз пациентите. Како резултат на тоа и услугите кон граѓание беа исклучително лоши.

orco-angelovskiЗа цели 11 години на власт на ВМРО-ДПНЕ, општата болница во Кавадарци морала да вработува медицински лица од други центри. Да плаќа радиолози, анестезиолози, гинеколози и слични, додека пак кавадаречките пациенти патувале во други центри за да добијат соодветна здравствена заштита.

Претходно, за време режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ со оваа кавадаречка институција директоруваше Орцо Ангеловски.