Ја сакаме “Ла Луна”!

Местото на поранешната дискотека “Ла Луна” повеќе од 10 години е напуштено без никој да се грижи за истото. Покрај можноста за потенцијални зарази, ова е место кое буди многу спомени и носталгија кај Кавадарчани. Со оглед дека истото е во сопственост на Општина Кавадарци, сакаме преку симболичен настан да апелираме Општината и Советот на град Кавадарци да се позанимаваат со овој проблем за да може објектот повторно да се стави во функција како Младински културен центар кој му е потребен на градот.

Здружението “Проект – ЕУ” од Кавадарци ве поканува и Вие да се вклучите во настанот кој ќе се одржи понеделник (28.07.2014) со почеток во 15.00 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци и да ги вратиме спомените за едно место , како тоа изгледало некогаш а во каква состојба е денес. Да ги запишете Вашите спомени, и да ги пренесете Вашите пораки а со тоа да ја започнеме иницијативата за заживување на она што некогаш беше центар на случувањата во градот.

Настанот кој ќе се случи во понеделник ќе започне со отворање на изложба од фотографии како “Ла Луна” изгледаше некогаш а во каква состојба е денес. Во 19.00 часот ќе започне и отворениот форум на кој со неколку минутни излагања за своите спомени од “Ла Луна” ќе зборуваат наши сограѓани и каде ќе може секој од присутните да ги изложи и своите идеи. За музиката ќе бидат задолжени група “Refresh” од Кавадарци. Настанот ќе се затвори со поставување на пораки на самото место во Ла Луна. 

Повелете.

Leave a Reply

Your email address will not be published.