Ја бербати ли ОРГАНОТ државата?

Зошто на пример еден Владимир Милчин би бил против Република Македонија, зошто би бил против националните и државните интереси?
Ако тој е обвинет од ОРГАНОТ дека “нему не треба да му се верува?!” зошто работел (соработувал) за југословенската служба за безбедност (10-тина години како што велат, така нели?), зошто не би било легитимно и послабо неговото тврдење дека овие од ОРГАНОТ на чело со претседателот Аџиев не знаат да разликуваат следење и кодошење кон него, од соработка со службата.
Тој реагира за “фискултурата” на ОРГАНОТ. Ако тие него го “дефинирале” дека работел за туѓа служба, зошто некој нив не би ги “дефинирал” дека работат за непозната служба. Добро, треба да им се верува на институциите на системот, ќе забележи некој. Но, на кои институции и на каков систем, кога тие се предмет на интерес, и клучни забелешки на Милчин за тоа како функционираат. Можеби заради тоа е санкциониран. Државата (читај, органот) кој ја претставува, него го клевети. Па што е, ако не е клевета, кога пресудата и не кажува ништо друго освен дека тој не може да промовира и афирмира вредности кои ќе работат во прилог за отворено општество.
Тој да ти го “затворал” општеството!! Да, македонското општество “страдало” од неговиот ангажман во Фондацијата – Институт Отворено Општество Македонија. Аман бе?! Ако од неговиот долгогодишен ангажман, личен, професионален и во рамките на Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија во добар дел се третираат прашања, од кои може да се извлече АНГАЖМАН – како да биде подобро, а не полошо во општеството (нашето) може лесно да се процени кој е најпогоден.
Мислам дека за КЛЕВЕТАТА кон него треба соодветно да се изјаснат. Сите, без исклучок,онака вистински, промакедонски. Признанието дека се грешело е промакедонско. Се случува и ОРГАНОТ да застрани, да се посрамоти. Се случува и тоа.
 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.