Измама од T-mobile: Внимавајте!

Писмото на револтиран корисник кој по 10 години верност на T-Mobile доживеал вистинска голгота и останал оштетен и исмамен стана хит на интернет, веројатно дека човекот не е сам…

За доставувањето на сметки за јануари со цел износ за услугите на MAX TV и покрај исклучените канали во ова писмо не станува збор, иако само на тој начин се измамени илјадници корисници.

Ви го пренесуваме писмото во целост:

——————————————————————

“Драги мои T-mobile,

После 10ина години кај вас, конечно дојде време да се разделиме, сметам дека не е тоа по моја заслуга, јас давав се од себе за да не дојде до тоа, ама очигледно некоја „Виша сила“ беше против нас…

Ајде малце за настанот кој доведе до ова. Корисник сум на 2 броја во фамилијарен пакет С, но бидејќи ни фалеше Интернет решив да го сменам, ајде ќе потпишеме договор и ми се допаѓаше вашата Плеј Комфорт тарифа со 30% попуст и договор на 12 месеци.

Отидов на 15.01 (понудата важеше до 01.02) со намера да ги префрлам 2та броја на таа тарифа, но не било тоа така лесно.

Вработената (не ја знам по име, не битно – неа не сакам да ја “ругам“) откако и се ококорија очите (нели бонуси, а-у) ми подобјасни уште еднаш што и како е, но на крај ми кажува дека МОРА да смениме СИМ картици.. Хммм, последен пат картиците скоро ми беа менувани (читај пред 2-3 месеци), бидејќи сменив телефонски апарат, но она си останува на истото демек мора да се менуваат СИМ картиците.

Не знаејќи во каква состојба е другиот телефон т.е. дали броевите се на сим картица и слично, решив да одложам за некој ден. Чисто да знаете, не секој има желба и му е едноставно да ги префрла броевите од СИМ на телефон, па на нова СИМ, па… едноставно зошто?! Ако не е потребно, како што искочи во мојот случај да не е потребно.

Си одам дома, се јавувам во контакт центарот на T-mobile, ја објаснувам целата ситуација и операторот ми кажува дека тоа не е точно т.е. дека не мора да се менуваат СИМ картичките. Тоа било за стари СИМ картички, земени од времето на Мобимак…

Добро викам, не знаело девојчето.

На 29.01 одам во салонот во ТЦ Беверли Хилс со намера (овојпат се надевам успешно) да ги префрлам конечно броевите на Плеј Комфорт со 30% попуст и 6ГБ Интернет. Ме повикува шефот (во последно време и он работи со странки, првпат иако таму плаќам сметки едно 4-5 години) демек да завршиме работа. Му објаснувам што сакам, ги проверува броевите дали се чисти, потврдува дека немам договор, дека немам земено телефони и дека може да се заврши работата.

Но, не е така.

Ми препорачува да почекам до вторник (03.02) бидејќи ако сме го направиле префрлувањето на тарифа сега, можело да се измешаат сметките и да платам повеќе, дека крај на месец?! Ај де ми вика, дојди во вторник ќе завршиме работа. Прашувам, дали ќе важи истата тарифа (559денари, 6ГБ Интернет) – добивам потврден одговор.

Ок шефе, нема проблем, јас ќе дојдам по 3 пат кај вас, само да завршиме работа, знаете – вие сте единствен оператор во земјава, па ако треба и ќе молиме само да сме ваши корисници.

Во понеделникот (01.02) одам во салонот во Лептокарија (таму се најдов и затоа таму отидов) и прашувам за да направиме договор, и вработената ми вика дека понудата со 6ГБ е истечена т.е. место 6ГБ Интернет, сега си се редовните 2ГБ.

Пробувам да и објаснам што ми кажал колега нејзин (шефот де), но она си работи по инструкции (молим лепо) и ми укажува на тоа дека понудата е завршена и тоа е тоа.
Ок викам, нема проблем. Пут под ноге и правец ТЦ Беверли Хилс. Одам кај Шефот.
За среќа го наоѓам шефот таму (средовечен господин со бела коса).

Добар ден.
– Добар ден.

Шефе вака и вака е работава, ми кажавте во вторник да дојдам, еве ме мене во понеделник, арно ама денес ми кажуваат дека не можат да ми ги дадат тие 6ГБ, туку дека понудата си е со 2ГБ. Плачам за 4ГБ Интернет бе, молам…

Шефот ми вика, “Да да… моја грешка е, ама јас за подобро ти кажав да почекаш, не знаев дека ќе ја намалат. Ако сакаш да поднесеме приговор, ама ќе чекаш одговор 2 недели, не знам дали ќе можат да средат…“

Му ја објаснувам целава случка што ви ја објаснувам и вас, и ми кажува дека тоа е тоа.
Иначе се чудеше како да го напише приговорот.. се вртка се туфка, и на едно негово “Како да пишам сеа…“ јас додадов “за корисникот да е прав, а вработениот да не е крив“. Се насмеа, го доврши приговорот и го испративме.

У меѓувреме јас морав да го решам проблемот со тарифата (итно ми беше потребен Интернет на телефонот деновиве) и отидов во друг оператор, си потпишав договор на 2 години фино лепо (може сум се зезнал, може не, 50%-50%) и си чекам префрлање сабајлево.

Ми текнува дека еден од телефоните што ги користам е земен од T-mobile пред 5 години, од фирма, и добро знам дека сите давачки се подмирени. Зошто го пишувам ова?

Па дека телефонот (iphone 3gs) ќе биде блокиран да прими друга СИМ картичка. Се јавувам на 122, објаснувам, ми вика IMEI код ти треба само и проверуваме дали е чисто се, ако е ти праќаме код за да го декодираш.

Одам во салон со IMEI кодот, кај шефот – насмеан сакајќи и да му укажам дека се разделуваме т.е. дека менувам оператор (поради него!), но дека сум дојден да испратиме барање за да се декодира телефонот.

Знаете што ми побара? Сметка од кога сум го купил телефонот. Добро бе, сметка од пред 5 години ли да чувам? Не ми вика, сметката иначе не можам ништо.

Ок си викам, добро е ХИВ тест што не ми бараат.

Доаѓам дома, збунет, уморен, несфатен што се дешава бе…

Пишувам меил во контакт центарот, ми враќате за 10минути, ама пак барате нешто. Претерувате мајку му. Пред 5 години земен телефонот, проверете дали е чист со давачки. Сме го плаќале тој телефон, дали регуларно, дали со пенали – вас ли некој ќе ве зезне? По 10 страни договори се потпишуваат кога се зима телефон.

Фино лепо си платив 600 денари за да ми го декодираат телефонот од пред 5 години, за да можам да убацам нова СИМ картичка денес.

Ајде и една бонус случка од пред 2 месеци со MaxTV ресивери.

Пред 3 ипол години ми истече договорот за МaxTV, регуларно по истекување не го продолжив договорот и тоа е тоа. Опремата никој нит дојде да си ја земе, нит ништо. А при монтирање ви текнува како е? Ве бараат, доаѓаат, фини се… ко што си е редот.

После 3 ипол години бе ми стига писмо дека треба да ги вратам ресиверите (2 комада) или да платам 16.000 денари казна. Молам???

Значи колку е невкусно 3 ипол години да те чекаат да ги тупнеш негде ресиверите, да ги изгубиш па после да ти ги наплатат дебело… И тоа писмото со рок, да ги вратам иначе ќе пукаат овааај ќе ме казнат.

Ок викам, што останува… ќе ги бараме ресиверите… по кутии, по плакари, позади 7 мориња… ги најдов! Мајсторски, знам! Успеав да ги најдам.

Супер викам, идам да ги вратам. Товарење 2та комада у ќеса и идам на добро позната локација, ТЦ Беверли Хилс (у комшии ми е, сфативте до сеа).

Ме гледа девојката… ми вика, не – не можам да ги примам. Камо даљинска? Еј, далечински управувач ми бара бе… Кабли ми вика не ти требаат, ама без даљинско ништо!
Уф викам, ај па ќе купам даљински, знам продаваат… Колку се, прашувам? – 700 денари!
Аууу, за 1400 има да барам, а ако треба и на Бувљак ќе идам – ама ќе најдам.

Доаѓам дома, пак барам нешто јас, овој пат даљинско. Ги најдов бе, искуството си го праи своето. Отрпнат на све веќе.

Пакувам пак ресиверите, рокот до казната (ако не ги вратам у салон при крај веќе) знам недела беше, идам викам у City Mall, таму работат.
Ко грев чекав со ќесата 40 минути да ми дојде редот со бројчето, и откако стигнав на ред застанувам на каса, сигурен во себе…

Јасно ви е, така? Не завршувам работа. Кабли не треба, ама АДАПТЕРИ требало! Кабли за напојување се тоа. Ме вратија!

Дојдов дома, и наредниот ден им ги однесов ресиверите, даљинските, и 2 адаптери, едниот од еден стар сајзер, а другиот не знам искрено од што ми беше. За секој случај носев у заден џеб крвна слика, а не бев мочан сабајлето намерно пошо ако ми побараа мокрача знаев дека не треба да биде постара од 3 минути. smile emoticon

Фала ви другари! Фала ви.

П.С. Кој ќе го чита ова кај вас, нека му е со среќа, се надевам ќе го прочита некој ова. И да, ова ви е приговор на годината!

Со почит,
Ф.Т. (Револтиран корисник)”

Leave a Reply

Your email address will not be published.