(ВИДЕО)Изложба на фотографии од Благоја Бањански

Минатиот петок во Музеј галеријата во Кавадарци беше отворена изложба на фотографии од кавадарчанецот Благоја Бањански.

Станува збор за, како што рече директорот на музејот Петре Камчевски, еден од најдобрите уметнички фотографи.

– За својата работа тој има добиено бројни награди и признанија. Идејата за една ваква изложба дојде од дизајнерот Јадран Манчев кога ја работевме монографијата „Кавадарци во делата на старите фотографи“. Тој кажа дека видел многу интересни фотографии од архивата на Бањански, кои заслужуваат да бидат објавени во една изложба, рече Камчевски.

Настанот е дел од програмата за национален интерес во културата.

Изложбата на која се претставени 40 фотографии направени од 1960 до 1977 година, ќе биде отворена во наредните дваесетина дена.

Благоја Бањански е роден во Кавадарци 1940 година. Завршил градежно архитектонски факултет во Скопје. Како студент бил претседател на студентскиот фото клуб „Вардар“. Загинал во сообраќајна незгода во 1977 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.