Изложбата со наслов “За вредностите“ на Валентина Илијевска
Изложбата носи наслов “За вредностите“ и со неа Илијевска за првпат се претставува пред љубителите на ликовната уметност во Кавадарци.
Валентина Илијевска е родена 1987 година. Завршила средно образование во ДСУПУ “Лазар Личеноски“ – Скопје, а дипломира на Факултетот за ликовни уметности – Скопје – Оддел графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ, со насока – конзервација и реставрација кај проф. Невенка Величковска и проф. Момчило Трајковски. Моментално е на постдипломски студии на одделот Конзервација и реставрација на ѕидно сликарство, на ФЛУ – Скопје.
Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци и на Друштвото на уметници “Широка стаза“ – Земун, Србија. Изложбата во Кавадарци ќе биде поставена десетина дена.