Изглумената „драма“ за тоа кој ќе биде во владата е одвлекување внимание од бојкотот
Недела дена по изборите, се уште трае фалшливо изглумената „драма“ за тоа кој од сегашните коалициони партнери ќе влезе во новата новата влада со истите коалициони партнери. И покрај тоа што е сосема јасно дека тековната „тензија“ е всушност само ѓаволски маневар за одвлекување на вниманието од бојкотот на опозицијата и купување време до летните одмори.
Во пракса, дилемата е решно разрешлива и со релатицвни последици за ониа кои ветуваа куково лето. Претседателот Иванов го има клучот во рака, т.е. мандатот и клучниот прерогатив да му довери или одбие доверба на мандаторот за составување на владата.
ДУИ се изјасни дека ја признава законитоста, но не и легитимитетот на Иванов. Доколку е така, тогаш и Иванов има основа и право да ја признае законитоста на ставот на ДУИ, но не и легитимитетот на нивните аргументи. И притоа го одбие било кој кабинет предложен од мандаторот кој го вклучува ДУИ.
За Иванов тоа би било можност да (барем провизорно) покаже автономија на функцијата, која е под голем знак прашање по негова сопствена вина и снисходливиот однос кон Премиерот / мандатар. Се разбира, и во тој случај – токму поради својот имиџ – јавноста ќе го разбере како став на Груевски искажан преку Иванов.
Воедно, тој потег би ги извлекол на светло вистинските природи на Ахмети и Тачи и нивното сфаќање на достоинство и принципиелност.
Се разбира дека тоа сепак нема да се случи. Токму поради причините наведени во првиот параграф. И токму затоа би било поцелисходно да барем медиумите не придонесуваат кон создавање на лажни напнатости и останат фокусирани на вистинските проблеми и предизвици кои ги иритираат партиите од владината коалиција ВМРО-ДУИ-ДПА.