Избувнал пожар во зграда во центарот на Кавадарци

Опожарениот оџак во стамбена зграда во центарот на општина Кавадарци изминатиот понеделник е предупредување дека пред почетокот на грејната сезона граѓаните треба да си ги исчистат оџаците за да не се соочат со непосакувани последици од евентуални пожари. При запалувањето на оџакот нема посериозни штети. Биле исчадени поголем ден од становите во зградата.

Противпожарната единица на Кавадарци апелира дека граѓаните треба да го почитуваат основното правило за оџаците а тоа е дека секогаш треба да бидат чисти. Оттаму посочија дека чистење на оџаците е потребно да се изврши пред стартот на грејната сезона, на средина и на крај, за да можат да се избегнат несакани пожари кои би нанеле огромни штети во домовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.