Иво Андриќ: За лагата и лажговците

Дури многу подоцна, кога во нас ќе се сместат наталожат бујноста и силата на младоста, ние почнуваме да ја разликуваме лаата од лагата и оние кои лажат едни од други. Причините кои ги тераат луѓето да лажат се многубројни и многу различни по својата природа. Има луѓе кои лажат бидејќи не знаат поинаку, бидејќи мораат; има и такви кои во својата замрсена психа се служат со лаги како со воени замки, во самоодбрана, во една војна која сами ја измислиле и која се води само во нивната имагинација; има и такви кои, лажејќи често и многу, и не знаат дека лажат, а кога ќе се фатени во лага, вистински патат, за да во првата прилика пак почнат да лажат; ги има и оние кои во такви услови паѓаат и многу страдаат, како разбудени месечари. Ги има секакви, а најмалку, можеби, такви кои свесно и пресметано се служат со лаги за да извлечат некоја корист за себе. А тоа се, всушност, зли искористувачи и наивни престапници, бидејќи луѓето е многу лесно да ги излажеш и оштетиш со итро смилсени ‘вистини’. Па, ако добро размислиме и ги погледнеме примерите околу себе, ќе видиме дека и овде се на погрешен пат, жртви на својата заблуда, и, всушност, самите се излажани будали. Лагата е, може да се каже, болест, и треба да се лекува и потиснува, но не да се изобличува грубо, ниту да и се потсмеваме, ниту пак премногу строго да ја прогонуваме. Бидејќи, не треба да заборавиме какво опасно оружје е утврдувањето на чистата вистина и казнувањето на лагата. Под ударот на тоа оружје, секако може да се случи еден ден да се заклучи дека е лажго и да биде осуден во името на таа вистина за која до пред малку им судел на другите.

***

Долготрајното робување и лошата управа можат толку да го збунат и унакажат сваќањето на еден народ, така што здравиот разум и вистинското расудување во него отанчуваат и ослабуваат, и целосно се извеличуваат. Така пореметениот народ не може повеќе да разликува не само добро и зло во светот околу себе, туку ни својата сопствена корист од очигледната штета.

*** 

Мал е бројот на луѓето кои можат вистински да кажат дека се познаваат себе си, а уште помал е бројот на оние кои од тоа познавање можат да извлечат спасоносни заклучоци во својот живот. Во најголем дел од случаите тие не се гледаат и не се чувствуваат ни самите себе си ниту своите вистински односи према околината, прем времето во кое живеат а ниту према луѓето меѓу кои се движат; тие не ја познаваат ниту својата способност а ни своите слабости, како што не ги гледаат ни своите граници, па поради тоа често се страшливи и недоволно амбиционзни, и не го земаат од животот она што можат и што би требало, а уште почесто одат преку тие граници, секако на своја штета и срам. Имагинацијата ги заведува, а разумот не го осветлува доволно и на време нивниот пат, или само толку за да ги видат своите грешки кога е веќе касно, и да можат само да се каат и да жалаат поради се. Тие од првиот до последниот чекор во животот се и загрозени и опасни луѓе кои постојано паѓаат, судирајќи се со околината, и порано или подоцна пропаѓаат.

 

 

  

Leave a Reply

Your email address will not be published.