Иво Андриќ: Писател, масон или син на сите нас

Совршен материјал за своите дела

Кој е всушност Андриќ, на кому припаѓа и кому се обраќа, тоа е прашање над сите прашања на овие простори, без оглед колку нападно и да звучи. Иво Иван Андриќ е роден во срцето на Босна – во Доца кај Травник, од татко чиј вистински идентитет никогаш не е разјаснет и мајка Хрватка. Се образувал, растел и созревал во Сараево, Вишеград, Загреб, се изјаснувал како Хрват, а најголем дел од зрелите животни години ги поминал во Белград.

Ретко некој како Андриќ бил глорифициран и сатанизиран во исто време и со еднаков жар. За српската јавност и интелектуалците Андриќ е поставен на пијадестал како некој вид интелектуален светец, пророк и духовен татко на нацијата, борец за сопствените национални работи. На друга страна, во текот на годините, особено во времето на последната војна и после неа, кај делата на бошњачките интелектуалци Андриќ бил означен како ‘непријателски писател’, човек чии книги биле инспирација и мотивација за злосторствата над Босна и Бошњаците.

Помеѓу тие две еднакво изострени и погршен крајности стоел Иво Андриќ, човек од крв и месо, со успони и падови, љубови и лутина…

Во младоста срамежлив, но интелегентен млад човек; во зрелите години елеганетен, шармантен и успешен дипломат; во подоцнежните години молчелив господин, кој здобил светска слава како писател, Андриќ како противтежа и на оние кои го мразат и оние кои го глорифицираат зад себе има севременско дело, кое ќе се толкува и чита кога и едните и другите бидат одамна заборавени. И оние кои во Вишеград го градат “Андриќград” и оние кои велат дека Андриќ индиректно носи вина за она што во 1992 година се случувало во Вишеград и другите градови во БиХ.

Андриќ, секако, не пукал на никој во 1992 година, убивале бомбите и куршумите, не книгите на Андриќ, а раката на злото ја придвижувала оној неверојатен склоп на личности на домашниот човек, чија енигма на душата, испреплетеноста на добрината и крвожедноста, како и вечното прашање на идентитетот до сега малкумина добро го опишуваат како што тоа го правел Андриќ. Во својата личност, своето болно растење и својот несигурен идентитет имал совршен материјал за своите дела. 

Син на еден фратар

Официјално, Иван Иво Андриќ е роден во 1892 година кај Травник и тоа е единствениот податок за кој сите се согласуваат: и неговите протагонисти и неговите опоненти. Според една теорија, неговите родители биле католици од Сараево, Антун Андриќ и Катарина Пејиќ, а Катарина го родила Иво сосема случајно, во текот на посетата на роднини. Според друга теорија, Иво Андриќ е вонбрачен син на еден травнички бег, додека според третата, последна и најконтраверзна теорија, тој е син на еден фратар од Травник.

Таа тоерија на новинарите им ја раскажал извесна Марија Микац, наводна роднина на Андриќ со потекло од Тузла. Според нејзината приказна, младата Катарина самоволно заминала од родното Грабовице кај Тузлаво Травник, каде му паднала во око на еден самошен свештеник, кој према неа почувствувал голема страст која резултирала со несакана бременост. 

– Роднината Катарина, така ја нарекуваше мојот татко, биа убава девојка. Заминала да работи во Травник. Работела таму како чистачка, куќна помошничка – вели Марија Микац, но не може да прецизира дали мајката на писателот заминала да работи кај фратарот или некој друг од редот на црквата.

Но се сеќава дека татко и им раскажувал дека по една или две години работење во Травник Катарина се вратила назад во Грабовиц кај Тузла, и тоа бремена. 

– Татко ми ни раскажуваше дека не смеела да се породи во Травник, па затоа се вратила дома и го родила таму малиот Иво. Бидејќи немал татко, таа го запишала со своето моминско презиме Андриќ. По две години повторно заедно со детето заминала во Травник – раскажува Марија за семејната приказна кој и ја прераскажал татко и.

Според таа приказна, свештенииците од Травник нашле подводник кој се оженил со Катарина и го кристиле детето, за да се санира штетата и да се прикрие скандалот. 

Според зборовите на Марија, Катарина Андриќ својот син во официјалните документи го запишала со своето моминско презиме. Сепак, кога малиот Иво имал само две години, од туберкулоза починал неговиот ‘официјален’ татко. Туберкулозата била кобна за семејството Андриќ, од која умреле сите браќа на Антун Андриќ, а Иво во младоста исто така долго време страдал од истата болест, која, според некои тврдења, ќе влијае и на формирањето на личноста на самиот иден нобеловец.

Сиромашната мајка Катарина, вработена во сараевската ткајачница за килими во населбата Бистрик, го испраќа својот син да го чува нејзината сестра во Вишеград, каде Иво ќе остане се до својата 15 година. Вишеград не му се допаднал премногу на малото момче. 

– Луѓето се зборливи, брутални и глупи, а животот е смрдлив и пуст, полн јадови и комичности, комичноста на Гогољ – Андриќ го опишувал подоцна градот во кој завршил одновно училиште, по што се вратил во Сараево, каде се запишал гимназија.

“Католицизмот – проклетство за државата”

Во 1911 година, како ученик, започнува по малку да се занимава со пишување, но го привлекуваат и тогаш популарните револуционерни идеи кои заговарале обединување на сите Јужни СЛовени. Затоа, на кратко, се придружил на контраверзната револуционерна група “Млада Босна”, која неколку години подоцна ќе го убие франц Фердинанд и ќе предизвика почеток на Првата СВетска Војна. 

Откако во една прилика австроунгарските власти го привеле поради антидржавни активности, но и брзо го пуштиле, тој се оддалечува од движењето и заминува на студии во Загреб, каде ќе оствари и ќе го негува цврстото пријателство со Антун Густав Матош. Потоа студирал во Краков и Виена, но никогаш не е забележано дека некаде дипломирал.

Многу брзо по војната, 1919 година, заминува во Белград, каде ќе живее се до 1924 година. Во Србија и меѓу СРбите ќе биде одлично прифатен и затоа во децениите кои следат ќе се обидува да се заблагодари на разни начини, често потенцирајќи го својот став дека “католицизмот е проклетство за државите и народите”. Сепак, многу брзо, на некој неразјаснет начин ќе стане дел од диплматската мрежа на новосоздаденот Кралство СХС. По игра на судбината, својата прва дипломатска служба ја врши во Ватикан. Ниту Ватикан ниту вечниот град Рим нема да остават на него претерно јак впечаток.

– Не е страшно што е ова еден неподнослив град, влажен, одвратен, плиток, туку што не можам и немам изгледа дека така брзо ќе заминам од тука – го опишал Рим во едно писмо од 1921 година, запишувајќи подоцна дека “Рим изгледа како некаков Линц, уште поомразен и поодвратен.”

По Рим заминува на служба во Букурешт, Трст, Граз, Женева, Брисел и Берлин (1939 – 1941). Дипломатската мисија на Иво Андриќ во овој град е најконтраверзна од сите, особено откако Германците во април 1941 година ја прегазиле Југославија, на многу груб и недипломатски начин постапувале со југословенските дипломати и нивните семејства, кои во текот на војната се нашле во Германија. Единаесетмина од нив прво биле депортирани во Србија, која била под контрола на германскиот квислинг Драгутин Недиќ, за да скоро сите бидат повторно вратени во Германија, каде се осудени поради дела како што е шпионажата.

Таа судбина ја избегнал Андриќ, иако не се знае точно како. Главно, целиот тек на војната го поминал во Белград, каде го штител Гестапо, па Андриќ можел во мир да ги напише своите најзначајни дела “Травничка хроника” и “Мостот на Дрина”.

После војната никогаш нема да зборува за тој, најтаинствен период од животот, а можеби и немал потреба. Веќе во 1945 година станува првиот претседател на новоформираното Друштво на книжевници на Југославија. Сепак, во Партијата ќе влезе дури во 1969 година пред својата смрт на 13 март 1975 година во Белград.

Како Иван станал Иво

Иако во црквените книги во Травник е запишан како Иван, единственото негово дело кое е така потпишано била книгата “Патот на Алија Џерзелез”, кога по грешка на издавачот на корицата на изданието е назначено “Иван Андриќ”. Писателот многу се налутил и од сите издавачи подоцна барал неговите дела да се потпишуваат како “Иво Андриќ”.

Од средината на дваесетите години на минатиот век Андриќ исклучиво се изјаснувал како Србин, пипувал кирилица. Сепак, се до тогаш, што е видливо од бројните документи како што е записницата на Универзитетот во Краков, се изјаснувал како Хрват.

Нобел и Бембаш во Стокхолм

Без оглед на тоа што неговата личност е често магловита, таинствена и премногу прагматична, неспорно е дека Андриќ бил голем писател и дека неговиот талент не можел да остане неприметен и во рамките на Југославија. На свеченоста во Стокхолм, одржана 10 декември 1961 година, доделена му е Нобелова награда за книжевност. Сведоците тврдат дека во моментот на доделувањето на наградата оркестарот во салата ја свирел композицијата “Кога заминав на Бембаш”. Најголемиот дел од паричната награда Андриќ ја донирал на библиотеките во БиХ.

Сите големи љубови на големиот писател

Андриќ во зрелите години бил галантен и шармантен маж, кој сакал женско друштво, иако за тоа не оставил многу траги. Сепак, во неговиот живот имало само една Госпоѓа Андрич, која ја запознал уште додека таа била сопруга на неговиот пријател дипломат. Откако во 1941 година пријателот завршил во германско заробеништво, Андриќ и убавата Милица Бабиќ започнале да се гледаат, а тој и ја посветил приказната “Јелена, жената која ја нема”. Несреќниот маж се вратил од заробеништво, но нивната врска продолжила, се додека господин Бабиќ не умрел во 1958 година, по што Андриќ и Госпоѓата Бабиќ се венчале, после 30 години тајна врска.

Андриќ сакал и други жени. Имал афера со сопругата на својот кум Густав Крклец. Густав многу се налутил, сакал да ги убие, а Андриќ имал “разумно’ објаснување за своето однесување.

– Густи, тоа се случи вака. Паѓање некој ситен дожд, па така, се случи и тоа – ладно, додека пиел кафе му рекол на својот кум.

 

 

Извор: 6uka.com 

Leave a Reply

Your email address will not be published.