Ахаааа…и семејството на Иванов со фирми во Панама

СДСМ денеска  на прес конференција откри дека потесното семјество на претседателот Ѓорѓе Иванов има бизниси кои се врзани со државата која важи за даночно прибежиште Панама.

– Блиската фамилија на Ѓорге Иванов, човекот кој прогласи аболиција за криминалната банда на Никола Груевски, е дирекнто поврзана со бизниси и фирми на Панама. Братот на Маја Иванова, Сашо Тоневски има бизнис релации со фирмата ЛИП Корп Панама Сити од Панама. Ова е тој документ. Лип Корп Панама е основач и сопственик на фирмата Делфино травел Балканс.  Сашо Тоневски, братот на Маја Иванова, е исто така еден од сопствениците и управител на оваа фирма, Делфино травелс Балканс. Пред само неколку дена, или во време кога почна да се шири скандалот со перењето пари во панамски фирми, Делфино травел Балканс згаснува и ја бришат од Централен регистар. Што крие семејството на Иванов?, рече Петре Шилегов од СДСМ на денешната прес конференција.

НОВАТВ пред две години ги објави првите и досега единствени документи за Македонија од Панама кои во сопствениците на офшор компании го вклучуваа политичарот Борис Стојменов и целото негово семејство сосе снаата вработена во Министерството за правда, како и актуелниот сопственик на Канал 5 телевизија и поранешните директори на „Македонија Табак“ од кои едниот пребега во Јужна Африка.

Проблемот во Македонија со инвестициите кои доаѓаат од државите-даночни прибежишта во последните неколку години доби внимание во  јавноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published.