Историјата на венчалниот прстен
Прв пат се појавила во стариот Египет. Тогаш прстените се користеле како печат со кој фараоните ги заверувале своите наредби. Со време Египетската аристократија почнала да става злато на своите раце како и сребро, стакло и друг тип на накит со помала вредност.
Во стариот Рим прстените го одредувале социјалниот статус на луѓето – само највисоката класа имала право да носи злато, слободните граѓани – сребро а робовите – железо. Со Римјаните се појавил и ритуалот со венчалните прстени – пред брак младоженецот на родителите од својата идна сопруга им предавал прстен со кој докажувал дека зема обврска да се венча со нивната ќерка и дека е способен да се грижи за неа. Ритуалот бил многу поважен од самата свадбена свеченост која била само заокружување на даденото ветување.
На крајот на вториот век пред нашата ера, луѓето започнале да разменуваат бронзени прстени, во третиот век златни и во четвртиот венчалните прстени станале важен дел од свадбената церемонија. Ставале прстен на левата рака кај Католиците а на десната кај Ортодоксните христијани поради верувањето дека на овој прстен e “вената на љубовта” која води директно до срцето.
Во средновековна Франција луѓето верувале дека за мажена жена да привлече млад маж е доволно да стави марамче низ нејзиниот венчален прстен и да го предаде на својот сакан. Во периодот на војните помеѓу германските земјопосеници баронот Ото Клотзенбач наредил да му се направи оклоп од венчални прстени кои му ги дале нековите многубројни љубовници. Баронот верувал дека љубовта на жените ќе го направи отпорен на оружјето на непријателот. И да, тој ги преживеал битките но паднал во езеро и се удавил проади тешкиот оклоп.