Истакнат новинар со СРД се пазари за долг од 80.000 евра

Имено, тој во 2005-та година, од тогашниот состав на СРД земал 40 илјади евра за проект според кој требало да направи серија од емисии, но не направил ниту една.
Советот, лани во август, врз основа не едногласно донесена одлука, сите оние што требало да ги реализираат проектите за кои биле платени а тоа не го сториле, ги дал на Суд. Меѓу нив и познатото новинарско име.

Оттогаш, според информации на Либертас, тој се обидува да врши притисок и лобира меѓу членовите, наместо да плаќа казна, вонсудски да се договори со Советот, нудејќи како замена серија емисии, кои наводно немаат никаква врска со проектот за кој конкурирал и ги добил парите.

Со оглед дека не успевал во тоа, па на судот се стасало и до второто рочишта, тој минатата недела го засилил својот притисок, по што, според информации на Либертас, претседателот на СРД, Зоран Трајчевски свикал вонреден состанок со членовите на Советот на кој новинарот требало да им го претстави својот план за излез од ситуацијата во која се нашол.

Откако им ја презентирал својата понуда, во замена, наместо одобрените, да достави 12 други емисии, тој отишол и чекор понатаму и побарал, Советот за тоа да му ја исплати и последната рата од 15 илјади евра. Тоа ја прелило чашата, по што еден од членовите рекол дека не сака да учествува во таков криминал и да ги менува одлуките за кои самиот гласал инистирајќи постапката пред судот да продолжи и новинарот да биде санкциониран за однесувањето.

Ваквиот став го поддржале сите присутни членови, по што познатиот новинар нервозно си заминал од седницата на Советот.

Неофицијално, со камата, тој на Советот треба му да врати околу 80 илјади евра, затоа што иако добил проект и пари за реализација, тој не ја извршил обврската.

Leave a Reply

Your email address will not be published.