“Испукана чаура” или пак не, Панчо Минов од ГРОМ ќе биде носител на изборната единица број 4

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, ја информираше јавноста дека неговата новоформирана партија на следните избори ќе настапува со своја изборна листа за сите шест изборни единици.

Во изборната единица број 4 носител од оваа партија ќе биде Панчо Минов. Граѓаните од општина Кавадарци добро паметат на неговите два мандати кога беше седнат на пратеничката фотеља како и неговото осумгодишно градоначалничко искуство во општина Кавадарци и што се има (не)сработено во тие шеснаесет години. Голем број од локалното население за него велат дека е “испукана политичка чаура” и дека нема што многу да бара на политичката сцена. Меѓутоа нека не се суди предврерме. Да оставиме времето да си го покаже своето.

Носител во изборна единица број 1 ќе биде проф. д-р Чедомир Саздовски, во изборна единица 2 Виктор Цветковски, во изборна единица број 3 Штерјо Николов, во изборна единица 5 Љупчо Настевски и во шестката од ГРОМ носител ќе биде Горан Анчевски.

Лидерот на ГРОМ, потенцираше дека очекува влез на партијата во Парламентот. Тој потенцираше дека станува на ветувањето да не се кандидира, односно да остане да ја врши функцијата градоначалник на општина Карпош. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.