Исчистена депонијата пред детската градинка “Рада Поцева” во Кавадарци

Темелно исчистена депонијата која осамна на првиот школски ден пред објектот “Детелинка” од детската градинка во Кавадарци

За краток период по објавувањето на текстот на порталот Мојот Град кои вели “ЈП Комуналец со смрдливо добредојде за учениците од Кавадарци” , реагираа надлежнитет служби од “ЈП Комуналец”  кои испратија екипа на лице место за расчистување на ѓубриштето во и околу контејнерот.

“Дојдоа вработени од Комуналец, со трактор и приколица го собраа целиот смет. Не оставија ништо позади себе. Сега ѓубре нема. Се надеваме дека ќе стане навика” – вели за Мојот Град граѓанин од околните куќи.

Депонијата е санирана, нечистотијата сега ја нема, миризбата исчезна. Благодарност до вработените на ова претпријатие и се надеваме дека во иднина навреме ќе интервенираат. Насекаде.

Leave a Reply

Your email address will not be published.