Исчезната старица пронајдена мртва во Неготино

Жената е родена 1924 година, информираше попладнево Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Старицата претходно на 21. јануари била пријавена во неготинската полиција како исчезната.

Станува збор за старицата Ц.В. од неготинското село Вешје. По овластување на Јавен обвинител увид на лице место изврши екипа на полициска станица Неготино. Телото е прегледано од страна на медицинско лице и не се забележани траги на насилство, соопшти Стојковска.

Телото е предадено на семејството по наредба на обвинител.

Leave a Reply

Your email address will not be published.