Инцидент во избирачкото место 667 во Кавадарци!

Инцидент се случил на избирачкото место 667 кое се наоѓа во основното училиште “Тоде Хаџи-Тефов” во општина Кавадарци

Настанот се случил кога маж и жена стигнале на избирачкото место за да гласаат, мажот откако си го извршил своето гласачко право се упатил накај жената со намера да и покаже за кого да гласа. Во тој момент бил опоменат од набљудувачите, но и покрај опомената го земал нејзиното гласачко ливче и го сокинал и почнал хистерично да се дере објаснувајќи дека на тој начин тие цел живот гласале. Не дозволувал други да му кажуваат како да гласа.

Потоа ја завлекол сопругата за да си заминат меѓутоа во меѓувреме пристигнала полицијата за да го регулира инцидентот. Во тој момент лицето се упатило кон гласачката кутија со намера да ја искрши затоа што не им била вратена личната карта на сопругата. Полицијата го спречила во намерата а избирачкото место било затворено половина час.

Откако се направило увид и записник гласањето продолжило.

Во основното училиште “Тоде Хаџи-Тефов” се наоѓа и избирачкото место 668 каде до 12 часот имало излезеност од 35%.

Leave a Reply

Your email address will not be published.