Историјата на интернационалниот бодрумски фестивал на танци
Колкави се можностите да, едно шоу на танци прерасне во Интернационален Фестивал на Танци за време од само неколку години? Која е нишката што го води фестивалот кон се поголем напредок и успех низ годините?
Идејата за фестивалот потекнува од Интернационалниот Ден на Танци кој се одбележува на 29-ти Април во Бодрум, Турција. Па така и фестивалот почнува континуирано да се одржува на истата дата уште од 1982 година.
Првата изведба на танци во Бодрум беше 2000-та година за одбележувањето на денот на танците. Тоа беше само еден ден кога учениците од Клуб на танци ја претставија нивната салса, ча ча, болеро, румба, блуз и диско движења. Веќе од следната година и секоја наредна, се повеќе и повеќе групи се вклучени во настанот за да настапуваат на сцена, па така и програмата е распределена на повеќе од еден ден.
Уште од 2006-та година настанот вклучува групи од други држави при што стана најпознат интернационален фестивал на танци во Турција. Фестивалот се фокусира главно на презентирањето на уметноста на танцот во комбинација со културните разлики, вклучувајќи на голем број разновидни стилови на танцување од различни држави и региони со етно музика и костуми. Со оглед на тоа дека е од интернационален карактер, истиот се наоѓа на листата на меѓународни настани на УНЕСКО.
Во раните години луѓето доаѓаа на 29-ти Април за да го прослават Интернационалниот Ден на Танци. Уште од 2012-та настанот се организира во Мај, веднаш по отпочнувањето на туристичката сезона се со цел да има поголема посетеност од се поголем број на луѓе, со што повеќе туристи, покрај локалните жители, низ годините стануваат дел од оваа прекрасна церемонија.
XIV-тиот Интернационален Бодрумски Фестивал на Танци беше одржан во последната недела од Мај. За време на пет-дневниот настан, 3000 танчери од 40 различни држави настапија пред публика од приближно 10 000 луѓе. Покрај меѓународниот настан во Мај, локалните танчери, нивните семејства и пријатели исто така го одбележуваат Интернационалниот Ден на Танци на 29-ти Април.
Од 2012-та па наваму, се со цел да се подобри и зацврсти позадината на настанот, волонтери од различни држави се вклучени, од година до година, во делот за исполнување на задолженија во врска со организацијата, подготовката и промоцијата како и да се справат со предизвиците при работата, благодарение на проектот Еразмус + на Европската Унија. Македонија исто така спаѓа во државите кои се дел од проектот, благодарение на соработката помеѓу невладината организација СППМД Совет за превенција од малолетничко престапништво со Bodrum Dance Club Association, невладина организација и организација-домаќин на интернационалниот фестивал во Бодрум, Турција.
Минатата година, 2015-тата година околу 1500 танчери ја имаа можноста да танцуваат на сцена и да ја импресионираат публиката од 15 000 гледачи во периодот од 26-ти до 31-ви Мај. За време на шестдневната програма, публиката можеше да ужива во одличните изведби на 291 танчери од 32 различни држави- покрај популарните и познати професионалци од Бодрум и од целата земја-домаќин: Турција.
Во 2016-та година, 30 Еразмус + волонтери од 17 различни Европски држави го промовираат и организираат фестивалот, вклучувајќи ги своите лични и професионални вештини и искуства со цел да обезбедат незаборавен спомен не само за гостите туку и за учесниците. Невладината организација СППМД Совет за превенција од малолетничко престапништво на овој фестивал учествува со две учеснички.
Во прилог може да го погледнете официјалното промотивно видео за Интернационалниот Фестивал на Танци 2016 кој се одржува во Бодрум, Турција: