Скандалозна изјава на комуналниот инспектор на општина Кавадарци

“Граѓаните на општина Кавадарци се најголемите загадувачи” – вели Јованче Колев, инспектор за животна средина и комунални дејности при Локална самоуправа на општина Кавадарци.

jovance_kolevЗа Сител, Колев изјавува дека проблемот со загадувањето во општина Кавадарци се јавува во вечерните часови кога се активира поголемо количество топлинска енергија во домаќинствата после враќањето од работа на граѓаните и испуштањето на јагленороден диоксид во атмосферата од оџаците при што се ствара обвивка над градот, која поради затвореноста на истиот од три страни, нема провев и тој чад во форма на облак лежи над самиот град и ПМ 10 честичките се зголемуваат.

Овие фрапантни обвинувања кои ги упатува кавадаречкиот инспектор наидоа на толпа од реакции на граѓаните кои се сомневаат на стручноста и професионалноста на ваквите изјави од ликови кои постојано ги заскриваат вистинските виновници кои го загадуваат градот. Граѓаните сметаат дека станува збор на нарачана партиска изјава артикулирана преку Колев обвинувајќи 40 000 жители на општина Кавадарци.

Јавноста е бесна на овој преседан кој произлезе од просториите на Локалната Самоуправа на Кавадарци, посебно ако се земе фактот дека токму партиските старешини на Колев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, особено претседателката на совет на Локална самоуправа на општина Кавадарци, Горица Пеливанова -Вилхелм која пред две години ја обвинуваше компанијата Фени Индустри како најголем загадувач на тиквешијата.

Според Колев, во моментов граѓаните се најголемите загадувачи. Во овој период, вели, започнува грејната сезона во домаќинствата, а се вари голема количина на ракија. Тој во неговото излагање се потпира на податоците од Министерството за животна средина за кое од неодамна излезе аферата дека неколку компании меѓу кои и кавадаречката Фени Индустри давале поткуп на попединци од министерството за расноразни услуги.

Граѓаните реагираат на овие скандалозни изјави на кавадаречкиот комунален инспектор, велат дека традицијата на варење ракија во тиквешијата датира од пред неколку стотини години и дека и во минатото граѓаните како примарно огревно средство го користеле дрвото за затоплување на домовите. Но никогаш воздухот не бил загаден.

Најзагадени македонски градови и понатаму се Скопје, Тетово и Кавадарци. Скопје ја има Железара, Тетово го има Југохром додека Кавадарци го има Фени. Тоа се трите македонски “бисери” кои и понатаму “блескаат” за нечии џебови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.