Иницијатива за враќање на сјајот на просторот од поранешната дискотека “Ла Луна” во Кавадарци

Местото на поранешната дискотека “Ла Луна” повеќе од 10 години е напуштено без никој да се грижи за истото. Покрај можноста за потенцијални зарази и болести, ова е место кое буди многу спомени и носталгија кај кавадарчани. Со оглед дека истото е во сопственост на општина Кавадарци, “Проект-Еу” преку симболичен настан апелираше до Општината и Советот на Кавадарци да се позанимаваат со овој проблем за да може објектот повторно да се стави во функција како Младински културен центар кој му е потребен на градот.

Овој настан се оддржа во аулата на градскиот плоштад во Кавадарци во понеделникот (28.07). Настанот започна со отворање на изложба од фотографии од тоа како “Ла Луна” изгледала некогаш а во каква состојба е денес. Беа претставени околу 70 фотографии од кои поголемиот дел ја отсликуваат моменталната катасртофална состојба на овој простор. Во 19.00 часот започна и отворениот форум на кој со неколку минутни излагања за своите спомени од “Ла Луна” зборуваа наши сограѓани и каде секој од присутните имаше прилика да ги изложи своите идеи.

Покрај официјалните изјави на граѓаните кои се во соработка со Здружението “Проект-Еу”, свое излагање имаа и други граѓани кои се засегнати на разни начини со дискотеката “Ла Луна”.

„Невладината организација ПРОЕКТ-ЕУ од Кавадарци, ќе се труди со својот граѓански и активистички пристап да ги решава, односно да дава иницијативи до Општина Кавадарци како би можеле да се решат постоечките проблеми. Здружението ќе се труди, како сега, така и во иднина, да ги детектира постеочките општествени проблеми во градот Кавадарци, сето во интерес на граѓаните и целокупната заедница“, истакна Ненад Јовановиќ од Здружението “ПРОЕКТ-ЕУ”.

Звонко Каров, бивш пратеник и угледен граѓанин на Кавадарци, изјави дека “Дискотеката Ла Луна беше едно убаво катче, во кое се собираа разни идентитети на граѓанство во Кавадарци. Апелира, општинската власт да се покрене и да сотори нешто со тој простор. Исто така потенцираше дека ова место мора да биде нешто, а не како сега – ништо“.

Петар Ангелов, културен работник, музичар од Кавадарци, рече дека дискотеката “Ла Луна”, во времето во кое егзистираше, доаѓаа многу познати бендови во Кавадарци. Првиот град кои луѓето од бившата република го препознаваа, беше “Ла Луна” и Кавадарци, а дури потоа останатите градови во Македонија“.

Орданче Бошковски, еден од фронтмените на навивачката група “Лозари” го потенцира фактот за лошата спортска инфраструктура во Кавадарци и тоа дека е голем хендикеп за спортските здруженија да немаат свои официјални претставништа од каде нивната функционалност би се издигнала на едно повисоко ниво.Просторот од поранешната дискотека “Ла Луна” е идеален за заживување на спорскиот дух, рече Бошковски.

Свое обраќање имаше и Игор Димовски, дел од театарскиот кавадаречки надежен тим кој изјави дека просторот од поранешната дискотека е идеално катче за творење на младите, за духовно исполнување на младите.

Дел од граѓаните ги испишаа своите предлог идеи во што тие би сакале да се рестартира овој простор.Исто така беа испишани и спомени и сеќавања од тоа време.Ова се дел од пораките:

  • Во Ла Лалуна сакам да видам катче за НВО секторот
  • Во Ла Лалуна сакам да видам нов младински културен центар
  • Во Ла Лалуна сакам аматерски отворен театар
  • Во Ла Лалуна си ја фатив првата девојка
  • Во Ла Лалуна сакам да творам и да се отворам
  • Во Ла Лалуна сакам да се отвори, сакам да слушам блуз…

Created with flickr slideshow.

Leave a Reply

Your email address will not be published.