Инфлација од значки

Грозни работи се случуваат во душите на патриотите, ако ги заобиколат “заслужените” награди, би се создала опасност некои од нив да се претворат дури и во – дисиденти. За тоа да не се случи, “груевизмот” своето мнозинство на време го “награди”.

Знаете што, треба чесно да се признае дека е малку кој имун, мислам на обичните смртници, на вредностите и значењата на роднинските врски. Еве една повисока сфера како пример – на Олимп и во Ватикан – многу луѓе не се држеле до некакви моралистички сугестии, оти нели, не е “фер” ако признанијата и наградите се делат пред се поради роднински, отколку по објективни заслуги. Добро е да се знае дека поимот “непотизам” (или “нечесност”) се родил најпрво од папската пракса, за вистина на волјата, во едни дамнешни времиња. Додека Рим бил средиштето на светот, Црквата како единствена политичка сила, на некои папи им се допаѓало влијанието да држат се во свои раце. А ако не можеле поинаку, тогаш помошта ја користеле од своите “внуци” кои не биле обични дворјани, туку имале власт да располагаат со цели покраини и кнежевства.

Зборот ми е, имено на микро ниво “груевизмот” коптира и вработува, великодушно доделува награди, сече ленти, слави јубилеи, така што таму каде илјадити пат потпишува Премиерот, симболично и скромно по еднаш-до-два-пати, потпишува Претседателот на Републиката. „Па што тогаш” – ќе рече нашиот народ – дали сто педесет илјади државна администрација претставува непотизам? Инфлацијата на “награди” е веќе толку голема што ќе почнеме да ја памтиме по тоа – кој нешто не доби овој пат. Колку што ми е познато, со моите триесет и четири лета, а еве богами толку и есени, Македонскиот менталитет граба за “груевизмот” ко пијан за плот – некои автентични ДМНЕ-овци во мрачни микро средини – буквално се толчат (море ако им е!), некои се гребат, подмитуваат, роварат, бараат врски и познанства, само како би дошле до “значка”. Оние кои ќе бидат испуштени, во прилика кога нивните колеги, патриоти, ќе земат се’, останатите ќе добиваат жар на градите, паѓање во депресија, прашувајќи се “со кого овој пат сме се замериле”.

Е сега, за да не се случуваат непредвидени работи, “груевизмот” вработува се’, комшија!

Но, кога човек малку подобро ќе размисли, “наградите” можат да се најдат единствено на две места: во градите и во задникот. “Наградите” стареат, а лединката која ќе ја зафатат, после извесен број на години, истите тие награди треба да се искористат како би се запишале на вечната лединка.

Колку ви вредат денешните награди? Ако со нив не оди некаква паричка, тогаш тие се шутрачки и симболични, но некои, да не се лажеме, ќе ги уновчат. А ако не се може поинаку, “наградите” ќе ги искористат како пропусница за “премин низ сите граници”. Доколу вредат за во иднина – да речеме како бонус пензии – тогаш тој/таа мора да ја забрза кариерата во сегашноста. Така, драги мои, “груевизмот” ви става под нос голема метална значка (да, метална – да, банана?), со која сака да ви каже дека со Врховниот нема шала. Врховниот е воздигнат над сите останати смртници – благодарение на менталитетот Македонски – неговата врховна рефлексија се пренесува уште на стотина слични кои се размножуваат со неверојатна прогресија.

Каква критика, какви протести, какви срања…, наградата е она што се рачуна и бара!

Leave a Reply

Your email address will not be published.