Или пресврт или Влада во егзил!

Како се доближува понеделник, сите очи на целата јавност се свртени во опозицијата, како единствена надеж (барем во овој момент) дека со бомбите ќе успее да направи пресврт. Дај Боже да им успее планот! План кој секако ние уште не го знаеме, но наскоро ќе го видиме.

До сега режимот се клатеше два пати. Првиот пат тоа беа изборите во 2011, од кога ДПМНЕ почнува со изборниот инжињерниг. Режимот направи точна проценка од каде оди најголемата опасност. Ја затвори А1Тв, во затвор го пикна Велија, а како освета кон него и други членови од неговото семејство. Го затвори и Љубе Бошковски, како освета дека и он беше тргнат на се или ништо, што е единствен начин на кој оваа битка може да се води.

Вториот пат беше 24.12. кога режимот, да не им пропадне очајно потребното задолжување, скрши Устав, закон, од Собрание исфрли опозиција. Тогаш и Бранко Црвенковски повика на се или ништо, повика на ОТПОР. Режимот повторно направи добра проценка од каде оди најголемата опасност, овој пат тоа беше СДСМ да не излезе на избори. Се случи Стевче Јакимовски, се случи дека луѓето во СДСМ не се спремни на се или ништо.
Од утре пред нас е уште една шанса, трета шанса. Од срце посакувам да биде трета среќа. Немам сомневање дека режимот ќе има добри процеки за опасноста по нив, како и жестоки одговори. Многу се оние кои велат дека ова ќе е последна шанса! Ако не победи идејата за слобода и демекоратија тогаш од Македонија ќе си замине и надежта. А со неа уште стотици илјади здраворазумски луѓе. Ќе сакаат да останат само љубителите на ликот и делото на нашиот Милошевиќ, на нашето искомплексирано диктаторче, а покрај нив ќе страдаат оние што немаат можности да си заминат. Затоа ако и ова не успее ми се чини дека ќе бидеме многу блиску да имаме Влада во егзил!

Не знам која е стратегијата на опозицијата, па додека држам палци сакам да им кажам две работи:
1) И оваа битка има шанси да биде “се или ништо”, а режимот ќе направи се да тоа не биде. Знаат дека само во таква битка може да загубат!
2) Без разлика на содржината на “бомбите”, Груевски и режимот нема да паднат поради морални прични или срам! Затоа се надевам дека во стратегијата ја имате и улицата.

Тоа дека ќе бидам со вас на улица, како и со било кој друг кој би ја водел борбата против режимот, мислам дека се подразбира.

‪#‎ТикТакТикТак‬

(Текстот е превземен од фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.