Иднината носи регенерација на органите

Што мислите како би изгледал животот во иднина, ако на местото на отстранет екстремитет или оштетен орган би било можно да порасне целосно нов и здрав орган? Според група на научници вакво нешто е на близок дофат. Орган кој најпрво би можел да се регенерира замислете е срцето.

Способноста за регенерирање е добро позната карактеристика кај некои од црвите, кои имаат способност да го обноват целото тело. Позната е и хидрата која исто така поседува способност да го регенерира целиот свој организам без разлика за колкаво оштетување станува збор.

Оваа способност за регенерирање на делови од човечкото тело сè уште не му е комплетно позната на човечкиот организам. Ако не сте знаеле, малите деца имаат способност да ги регенерираат врвовите од оштетените прсти а такво нешто е познато и за младите глувци. Ова и низа од други нешта наведува дека децата и глувците имаат многу сличности според градбата на организмот.

Тим од истражувачи објавија свој труд во списанието „Stem Cell Reports“ во кој потврдуваат дека човечкото срце е возможно да се регенерира. Ова го докажуваат по претходно извршен експеримент кај лабораториски глушец кај кој успеале оштетеното срце потполно да му го регенерираат и да го вратат во нормална функција.

Истражувачите сметаат дека регенерирањето како процес може да се поттикне и кај возрасните единки. Сепак, сè уште е рано за да очекуваме дека наскоро ќе доживееме медицината и науката да понудат комплетно регенерирање на витални органи или екстремитети, но сепак научниците тврдат дека медицината во одреден момент ќе достигне степен на знаење кога сето ова ќе биде возможно за човечкото тело.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.