И Шилегов го “окрка”, треба да и плати 500.000 денари на Јанкуловска за нарушен углед
Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов треба да ѝ плати 500.000 денари на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за нарушување на честа и угледот, пресуди денеска Основниот суд 2 во Скопје, постапувајќи по тужбата на Јанкулоска која го тужеше Шилегов за клевета, во врска со прес конференциите на кои тој зборуваше за станови кои ги купила министерката додека била функционер.
– Првостепената пресуда за мене беше очекувана бидејќи е сè поочигледно дека кога во Македонија зборувате вистина која се однесува на функционери на ВМРО-ДПМНЕ тоа чини пари. Самиот факт што функционер на ВМРО-ДПМНЕ нема храбрсот да се појави ниту во судница, туку се крие зад соопштенија зборува за состојбата во кој се наоѓа судството во Македонија – рече Шилегов по добивањето на пресудата.
Според адвокатот на Јанкулоска, Димитар Дангов, правото на слобода не е бесконечно.
Јанкулоска во тужбеното барање бараше отштета од милион денари.
Извор Плусинфо