И понатаму важи Путиновото “njet” за геј парадата во Москва!

“Ги предупредивме организаторите дека парадирањето нема да биде дозволено и ги информиравме и за ризиците ако тие не ја почитуваат забраната” изјави портпаролот на градоначалникот на Москва Алексеј Maјоров за новинската агенција РИА Новости.

Московските градски власти немаат дадено никакво објаснување за забраната на геј парадата, но таквата одлука не е изненадување за организаторите, бидејќи нивното барање за парадата се одбива секоја година од 2006 година, кога за прв пат го поднесуваат.
Секој пат кога геј активисти се обиделе да одржат некоја јавна средба, московската полиција брзо ги растерувала.

Организаторите оваа година пријавиле одржување на два собира и одржување на геј парадата на 30 мај, а очекуваат да на секој од овие настани се соберат стотици луѓе.

Протестите на хомосексуалците во Русија се ретки, и рускиот претседател Владимир Путин во 2013 година потпиша закон со кој се забранува презентирање на “геј пропаганда” пред малолетни лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.