И Неготино активно се вклучи во донациите за Србија и БиХ

На трите главни пункта во градот, граѓаните во главно донираа облека, постелнина, храна, вода и средства за лична хигиена.

Акцијата започна од 10 часот наутро а големиот број на волонтери од Црвениот крст, заедно со навивачите на фудбалскиот клуб „Вардар“ Неготино – Винари Запад, со волја за помош за лицата од Србија и Босна и Херцеговина остануваат на пунктовите до 20 часот.


Во речиси сите локални кафе-барови поставени се кутии во кои жителите на Неготино можат да донираат и парични средства.

Од ЦК Неготино велат собраните средства ќе бидат пренесени во Скопје во централниот магацин на Црвениот крст на Македонија во Момин поток а оттаму ќе се кординира што ќе замине за Србија а што во БиХ.

Акциите ќе траат и во наредните неколку дена.Досега во чеиридневните поплави во Србија и БиХ потврдени се 20 жртви, од кои најмногу настрадале во Обреновац – 13. Покрај евакуацијата на илјадници лица, се стравува дека по проценките, бројот на загинати ќе се зголеми.

Извор и фото НОВАТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.