И АЛФА ТВ ЛАЖЕ И ИНТРИГИРА

Денес, со задоцнување од 7 дена го видов ФБ статусот на Слаѓана Тасева по повод интригата за изборот на идниот директор на Фондацијата отворено општество – Македонија. Слаѓана Тасева со право реагира на интригата дека и таа е меѓу кандидатите. Зошто? Затоа што Алфа не ја прашала, како што не ја прашала ниту Лидија Димова дали е кандидат. А не ја прашала ни Претседателката на Управниот одбор на ФООМ проф. Маја Бојаџиевска. Зошто не ги прашала? За да може да пласира интрига со бомбастичен наслов „Милчин најавил повлекување од СОРОС, во СДСМ битка кој ќе го наследи“. Следат извртувања дека јас сум финансиер на опозициската СДСМ, дека се повлекувам од „македонскиот огранок на СОРОС“ (се повлекувам од ФООМ, која не е огранок, туку е правно лице регистрирано согласно закон донесен од Собранието на РМ!). Но најголемата лага е дека фондацијата „годишно има на располагање милиони евра кои во изминативе години директно се слеваат (?) во невладини организации кои гравитираат околу СДСМ“. А колку милиони се тие „милиони евра“? Два, три, десет, дваесет, сто? Авторката Елена Бошковска Крстевска не кажува. Пример за „новинарство“ по урнекот на Центарот за дезинформации на ВМРО-ДПМНЕ.
Не знам и не сакам да знам кои се кандидатите за идниот Извршен директор, но знам дека Извршниот директор ниту го предлага ниту го избира СДСМ. Него/неа ќе го/ќе ја предложи или ќе ги предложи (доколку има повеќе кандидати во потесниот избор) Управниот одбор на ФООМ, а ќе го именува основачот на ФООМ Џорџ Сорос, како што е утврдено со статутот на ФООМ.
Во Македонија, чаршиското и кулоарското водење кадровска политика стана вообичаено и нормално кога се работи за партизираните буџетски институции, но тоа ниту било ниту ќе биде нормално и вообичаено за Фондацијата отворено општество – Македонија. И во тоа е разликата!

(Текстот е превземен од фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.