Хуманитарна забава за Маја Керова
Еден од организаторите, Симон Андонов ги повика сите хумани лица да присуствуваат на забавата.
-Кога моќните се откажаа од неа, останавме само ние храбрите да и помогнеме да ја победи оваа битка – вели Андонов.
Забавата ќе се одржи во недела, во 21 часот, во клубот Акрополис во Неготино.
Керова е сопруга и мајка на две ќерки, која од јуни 2010 година се бори со ракот на дојка. И по хируршкиот зафат и стандардната терапија, ракот метастазира на карлицата и коските на десната нога и бележи промени во белите дробови и црниот дроб.
Заради оваа дијагноза на Керова итно и е потребно лекување на клиника во Хјустон, а трошоците за лекување изнесуваат од 60 до 180.000 американски долари.
Хуманите лица може да донираат на:
– Vip 077 143 702
– T-Mobile 070 143 132
– ONE 075 143 133
Или на девизната сметка:
Maja Kerova
Ul. Ilindenska 60/13 Kavadarci Makedonija
IBAN: MK07210501634288447
SWIFT:TUTNMK22