Христо Петрески промовираше своја изложба и нов роман во Кавадарци
Христо Петревски кој е новинар и писател и кој зад себе има објавено 17 поетски збирки во рамките на манифестацијата ” Кавадаречка културна Есен ” се промовираше во галеријата на домот на културата Иван Мазов Климе. Петревски промовираше роман од четирилогијата која е посветена на урбаното Скопје насловен ” Славејот што пееше сам и ноќе ”. Авторот Петрески романот го потенцираше како антипоетски роман на кучето скитник и уличниот музичар.
Петрески изјави дека главната поента во неговиот роман е начинот на кој размислуваат самците соочени со сите шеги од секојдневниот нивен самечки живот. Петрески го изнесе пред Кавадарчани и своите платна работени во акрилна техника која припаѓа на циклусот наречен ” Митски Плодови”.
На неговите платна насликани се грозјето, јаболките и крушите за кои мисли дека претставуват бренд на Македонија.