Денеска одбележува 68 години откако е фрлена атомската бомба врз Нагасаки

Десетици илјади луѓе се собраа во знак на сеќавање на над 70.000 луѓе кои загинаа во моментот на експлозијата, и на илјада од нив кои починаа во наредните месеци и по една година од последиците на радијацијата.
Атомската бомба е фрлена врз Нагасаки три дена по првата атомска експлозија над Хирошима во која загинаа околу 140.000 луѓе. Во Хирошима слична комеморација е одржана во почетокот на неделата.
– Ние имаме одговорност да го ослободиме светот од атомското оружје и да пренесеме на наредните генерации и свест во светот за нехуманата природа на атомско оружје, рече на комеморацијата јапонскиот премиер, Шинѕо Абе.
Претставникот на Индија, нуклеарна сила која не е потписник на Договорот за неширење на нуклеарното вооружување, присуствуваше на комеморацијата по прв пат.
Церемонијата е одржана во близина на местото каде американското воздухопловство фрли плутониумска бомба на 9 август 1945 година, по што Јапонија по шест дена капитулираше.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.