Хелсиншки: Притворот се претвори во сурова и нечовечна казна

Во претставките главно се забележува на постапките за неговото определување и продолжување, долготрајноста, некористењето на поблаги мерки, пренатрупаноста, лошите услови за живот и несоодветната здравствена заштита. Со оглед на ваквите состојби, Комитетот се обрати до Управата за извршување на санкците и побара податоци за капациетот на притворите и бројот на притвореници. Според добиениот одговор, состојбата е следна:

Специјалниот известувач за тортура на Обединетите нации наведува дека пренатрупаноста во затворените институции е еднаква на малтретирање па дури и мачење.[1] Ваквиот став произлегува и од праксата на Европскиот суд за човекови права преку која е утврдено дека и во случаи кога државата нема намера некого да мачи, пренатрупаноста и лошите услови во притворите се еднакви на тортура.[2] Дека Македонија е една од земјите каде овој проблем е хроничен е потврдено и во извештаите на Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа. Наместо спречување на ваквата потешка повреда на човековите права, бројот на притвореници расте, а условите во притворите се дополнително влошени.

Хелсиншкиот комитет е особено загрижен поради начинот на кој се определува притворот, па и кога за тоа не се исполнети законските предуслови. Таков е и случајот со претседавачот на Советот на Општина Центар, г. Мирослав Шиповиќ. Имено, тој е решен да се соочи со обвинението, доброволно отпатува кон Македонија и не го обжали барањето за екстрадиција со што е исклучена можноста од бегство, повеќе не е овластено лице во претпријатието во кое наводно е сторено кривично дело и не постои можност да го повтори или доврши делото, а опасноста од евентуално влијание врз сведоците е минимална бидејќи истрагата е во понапредна фаза и тие се веќе сослушани од страна на истражен судија. Настанувањето на такви околности може да се спречи и преку определување на поблага алтернативна мерка.

Извор mhc.org.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.