Хасан Рохани изјави денеска дека ќе се залага за конструктивни акции

На првата прес конференција откако беше избран за претседател, Рохани рече дека Владата ќе работи за постигнување на националните цели „преку спасување на економијата, почитување на моралот и конструктивни акции со светот врз база на умереност“.
Рохани единствениот кандидат на реформаторите, победи на претседателските избори уште во првиот круг од изборите.
За него гласаа 18,6 милиони лица или 50,71 проценти од избирачите.
Во Иран претседателскиот мандат трае четири години, а шефот на државата има право на еден реизбор.
По два мандата на конзервативецот Махмуд Ахмадинеџад сега Иран ќе биде предводен од умерен духовник, поранешен главен преговарач за спорната нуклеарна програма на земјата.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.