„НЕ“ за барокот, ГТЦ е симбол на слободно Скопје

Испратено е и барање до премиерот Никола Груевски за средба.

Во писмото јасно се кажува дека интервенцијата на трговскиот центар е вандализам и со тоа објектот ја губи смислата на своето постоење.

Организаторите испратиле писмо и до менаџерски тим на ГТЦ, но сè уште немаат одговор.

Досега на петицијата „Го сакам ГТЦ“ се потпишале 5.000 граѓани. ДУП-от за овој објект предвидува само обнова на фасада, а не негова надградба и реконструкција, како што содржи идејното решение.

И синоќа се пишуваа пораки идеи и препораки до архитектите на новата фасада на ГТЦ, се оставаа мислења за за самиот ГТЦ: „Зошто го сакам ГТЦ?“.

Извор А1ОН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.