Режимот на Груевски “удри” и по македонските веб портали

Комуникација.мк нема да коментира до целосно расчистување на причината на апсењето, само е загрижена за постојаното и континуирано апсење на сопственици на медиуми и новинари, иако според нашите сознанија, сопственикот на Комуникација.мк се наоѓал во полициска станица во Штип повеќе од 24 часа.
Поради тоа го молиме градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и пред се премиерот Никола Груевски, да објасмат зошто, како и поради што, е уапсен сопственикот на уште еден медиум во Македонија. Истовремено ги молиме ЗНМ, МАН и Синдикатот на новинари да реагираат за експресното апсење без да се наведе причина и во најкраток рок да ги информираат вработените во порталот.
Комуникација.мк ќе ги извести сите релевантни институции за тајноста при апсењето, несоодветното информирање и необјавување на докази за апсењето на сопстевникот на Комуникација.мк., Бобан Насев.


Редакција Комуникација.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.