Груевски со најмногу стаж на премиерското столче

Во графичкиот приказ се прикажани бројките на денови на “владеење” на сите премиери на Република Македонија од 1990-та година па наваму.

Актуелниот премиер Груевски котира на првото место, поминувајќи го на таа листа “вечниот ривал” и поранешен премиер Бранко Црвенковски. Заклучно со 28 јуни (завчера) кога е направен приказот, Груевски има поминато 2.861 ден на премиерската функција, додека Црвенковски има вкупно 2.835 дена како премиер.

Трет на листата е Љубчо Георгиевски со 1.432 дена, следува Владо Бучковски со 619 денови, Никола Кљусев со 516 и Хари Костов со 198 дена.

Извор Вистиномер

Leave a Reply

Your email address will not be published.