Груевски пречекан во Бугарија со транспаренти “МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА”

Македонската делегација пристигна со четириесет минутно задоцнување од официјалниот старт, а премиерот Никола Груевски беше пречекан од неговиот бугарски колега Пламен Орешарски, но и од припадници на бугарската ВМРО на Красимир Каракачанов, кои со транспаренти во рацете пееја “И претходно и сега, Македонија е бугарска“. Иако собраните беа едвај петнаесетина на број, беа доволно гласни во моментот кога Орешарски и неговите министри ги пречекуваа гостите од Македонија и се правеа официјалните фотографии.

Заедно со премеирот Груевски, во Ќустендил дојдоа и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, за земјоделство Љупчо Димовски и за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Покрај заедничкиот состанок, планирана е и тет-а тет средба на двајцата премиери, но и на министрите со своите ресорски колеги.

Овој неформален состанок без вратоврски (министрите носеа само кошули и сакоа) е само најава за официјалната седница која треба да се одржи до крајот на годинава.
 

Извор Капитал

Leave a Reply

Your email address will not be published.

ic-popup.min.js?ver=2.1.3' id='colormag-featured-image-popup-js'>