Груевски: Ќе покаже времето дали Субрата Рој ќе инвестира

„Ние никогаш не сме рекле дека ќе инвестира, тој го кажа тоа“.

Спасовски обвини дека индискиот бизнисмен добива третман од власта за кој домашните инвеститори може само да сонуваат, иако, како што рече, индискиот Врховен суд му го замрзна имотот и му забрани да ја напушта земјата. Зошто и покрај тоа, Субрата Рој е најпосакуваниот бизнисмен во земјава, праша пратеникот.

„Во ликот на контроверзниот Субрата Рој видовте надеж за нови манипулации. Му дадовте земја за нула денари и други бенефиции за кои домашните инвеститори може само да сонуваат. Заедно со вашиот кум, министерот за финансии Ставрески, му приредувате спектакуларни фестивали. Разбирливо е, вие и Субрата Рој имате слични карактеристики и се служите скоро со исти методи и верувам дека поради тоа има добра комуникација со вас. Дополнително, пред неколку дена во Скопје можеше да се види како неговиот син со полициска придружба, како да е функционер од највисок ранг во Република Македонија, се пренесува од една од кафеаните, кафулињата, до хотелот каде што престојува“, рече Спасовски.

Фото: А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.