Самарас: Груевски е виновен за спорот со името

– Имавме долги дискусии со господинот Нимиц за спорот за името. Се сретнав со него последен пат кога бев тука во Обединетите нации. Има некоја екстремна непопустливост од страна на мојот колега од Скопје. Верувам дека Грција е единствената земја која направила некои чекори кон решение. Тоа не е случај и со Скопје. Бараме решение кое би било име кое ќе биде ерга омнес, како што се вели на латински, едно решение, едно име, за секоја употреба. Не гледам дека господинот Груевски е отворен за вакво решение. Верувам дека, ако ги прашате моите колеги од Албанија или Бугарија, и тие веројатно ќе ви одговорат исто, дека непопустливоста лежи во Скопје, а не во Грција, изјави Самарас на вечерата организирана од фондацијата на покојниот грчки бродски тајкун Ставрос Ниархос.

Leave a Reply

Your email address will not be published.