Заради грешка на власта земјоделците преку ИПАРД програмата во последните 5 години изгубиле 40 милиони евра
Преку Европската Ипард програма за 5 години земјоделците можеле да дојдат до 40 милиони евра а искористени се само околу 2 милиони евра. За 2013 година во Европскиот извештај е евидентирано дека сме можеле да искористиме 11,5 милиони евра а не сме искористиле за земјоделството и руралниот развој.
Преку објавените повици корисници се јавиле и потпишале договор не земале пари бидејќи институциите во државата со задоцнета реакција утврдиле дека со одредени пропусти не се утврдени критериумите и условите за доделување на помош од ЕУ.
Како и во многу случаеви претходно, не се најде јунак да превземе и мал дел од одговорноста.