Грција и Бугарија најатрактивни дестинации за кавадарчани за дочек на Нова Година

Граѓаните се повеќе се интересираат за дочек на Нова Година во соседните земји и за поефтини аранжмани. Од кавадаречките туристички агенции велат дека досега се исполнети сите места за дочек на нова година во Солун, Лутраки и Воден во кој се вклучени две ноќевања со вклучен превоз за 105 евра.

Истамбул и Белград се на второ место каде дводневни и тродневни аранжмани чинат од 139 евра па нагоре. Најмал интерес оваа година има за аранжманите во Виена, Прага и Будимпешта кои чинат од 129 евра до 189 евра по лице.

Од туристичките агенции истакнуваат дека се поголем е интересот за зимување во Банско и Боровец каде претежно се закажуваат петдневни и седумдневни аранжмани кои чинат од 150 евра – 500 евра по лице. Банско се смета за најпосетувана дестинација од страна на Кавадрчани а оние кои не се љубители на скијањето најчесто го користат за викенд.

Leave a Reply

Your email address will not be published.