Граѓанска иницијатива најавува окупација на МРТ!

На социјалната мрежа Фејсбук деновиве беше оформена иницијатива која се залага за пообејктивно известување преку јавниот сервис Македонска радио телевизија и за поголема професионалност во новинарските стандарди. Иницијативата е насловена „Да ја вратиме МРТ на граѓаните“ и веќе има 5.000 лајкувања после четири дена од нејзиното формирање.

Граѓаните кои се приклучуваат на Фејсбук групата предлагаат окупација на телевизијата по примерот на окупацијата на факултетите, затоа што целта е иста, да им се врати она што им припаѓа на граѓаните, велат корисниците. Се најавува и протест пред телевизијата кој наскоро би се одржал.

Одговорниот уредник на информативната програма на МРТ, Горан Петревски, вели дека нема коментар за ова солидаризирање на граѓаните. Остана без коментар и на прашањето како реагира на тврдењата на граѓаните дека јавниот сервис шири пропаганда против граѓаните, а со нивни пари.

Поддржувачите на оваа идеја како можност предлагаат граѓанска непослушност така што повеќе не би ги плаќале сметките за радиодифузна такса од кои телевизијата се финансира.

МРТ, инаку, подолго време е критикувана од јавноста и од новинарската фела за небалансирано известување, за политичка пристрасност и за голема наклонетост кон владејачката партија. Од овие причини се најде и во последните извештаи на ЕУ за напредок на Македонија со забелешки по однос на непрофесионалноста, а неретко се јавува и во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР.

Следните коментари на иницијативата се во знакот враќање на МРТ назад кај граѓаните:

„Доколку не се свестат од МТВ,следи окупација на зградата! Ако сме толку демократски развиена земја,зошто граѓаните се игнорираат на јавниот сервис? МРТ мораме да си ја вратиме назад,на старата адреса,кај народот! Револуцијата почнува, ајде сите заедно!“, порачуваат граѓаните

„Зарем од богатата ризница во МТВ, само владините реклами останаа?“, пишува на фејсбук групата со хахташгот. ‪#‎СлободазаМРТ‬“

„Имаме една влада ,не сакаме влада и во Државната Телевизија!“

Извор ПЛУСИНФО

Leave a Reply

Your email address will not be published.