Граѓаните од Неготино со жестоки критики за градоначалникот Апостолов

Граѓаните а поготово возачите на моторни возила од општина Неготино се во општа паника и хаос откако нивниот делимичен градоначалник Ванчо Апостолов од пред неколку недели се обиде да ги санира ударните дупки-кратери кои минуваат низ клучните улици. Откако ги ископаа, почнаа да ги спремаат за санирање но најверојатно се чека самите дупки од себе да се направат, реагираат граѓаните стравувајќи за нивната а и безбедноста на нивните возила.

negotino dupki1

Дел од неготинските улици се во катастрофална состојба, нешто за што неготинчани не паметат со години наназад. Неготино од секогаш било вистински пример за уредно асфалтирани улици и поплочени тротоари. Но, последниот од низата на градоначалници премногу аматерски си ја врши јавната работа, функција која му беше доделена на последните избори.

negotino dupki2

Граѓаните од општина Неготино својот револт го пријавувале многупати во последните денови, но за жал реакција од другата страна нема. Иако еден дел од ударните дупки се санирани сепак повеќето се оставени со недели во заборав. Безбедноста е уште повеќе загрозена посебно кога има врнежливи денови. Тогаш, велат граѓаните, сите кратери се полни со вода, не се знае каде има дупки и многу лесно може да ви настрада возилото.

negotino dupki3 negotino dupki4

Ситуацијата со нервите на жителите полека кулминира. Од разговорите кои редакцијата на “Мојот Град” ги направи со дел од граѓаните се дефинира впечатокот дека во меѓусебна координација, во деновите кои претстојат неготинци подготвуваат мирен протест пред вратите на локалната самоуправа со цел да го подразбудат и расонат својот градоначалник да излези што побрзо на тререн и да го реши горливиот проблем на своите сограѓани.

Исто така жителите на општина Неготино апелираат до градоначалникот Апостолов дека доколку се случи било кое возило се оштети од огромните дупки низ неготинските улици, ќе следуваат тужби до локалната самоуправа со цел да им се исплати надомест за настанатата штета. 

Граѓаните го потсетуваат и обврзуваат Апостолов на дадениот збор на денот кога ја превзеде градоначалничката функција дека ќе работи исклучиво за доброто на своите сограѓани и дека ќе ги почитува одлуките на советот. Одлука за санирање на улиците е одамна донесена. Резултати нема.

negotino dupki5

Leave a Reply

Your email address will not be published.