Граѓаните на Република Македонија бараат ОСТАВКА ОД ТОДОРОВ!!!

Болка и револт, на социјалните мрежи граѓаните по веста дека почина малата Тамара од Велес чекајќи операција, бараат одговорност и оставка од министерот за здравство Никола Тодоров

Tри месеци, родителите на деветгодишнa Тамара која имаше тежок деформитет на рбетниот столб ги чекаа ветените средства од министерот за спас на нивното девојче.

todorov tamara

Тамара за институциите е лицето Т.Д, не дете, не човек, не душа…Цело име за нив имаат триумфалните, спомениците, галиите, претворено во пари…Нема да ме чуди од некого да слушнам и дека денеска прв пат слушнал за Тамара! Чудесна Македонија. Чекаме бомби да не разбудат, зошто ова не ни е доволно. Треба да ни се црта и добро нацрта! Пари наши се даваат за мермер, а за детски клиники собираме донации! Чудесна земја, чудесни луѓе. Почивај во мир Тамара…

Leave a Reply

Your email address will not be published.