Граѓанскиот сектор со поддршка кон општеството, заштитни капаци на уличните светилки во Кавадарци

Здружението на граѓани “Проект Еу“ во соработка со невладината организација “Центар за современи Уметности“ денеска на територијата на Општина Кавадарци ја реализираа акцијата за местење на заштитни капаци на уличните светилки каде се извадени и изложени соголени електрични кабли кои претставуваат сериозна опасност за граѓаните. Заштитни капаци на уличните светилки се поставија наспроти ОУ „Страшо Пинџур“ на кејот на реката „Луда Мара“ како и во близина на детското игралиште во градскиот парк во Кавадарци.

Веб порталот “МојотГрад“ во неколку наврати има објавувано вести каде апелира да се санираат ваквите технички проблеми. Тие претставуваат опасност за локалното население. Ваквата акција на граѓанска активност е дел од проектот “Фото Глас“. Носител на проектот е НВО “Центар за современи уметности“ додека здружението на граѓани “Проект Еу“ е партнер во самиот проект “Фото Глас“. Во овој проект може да се вклучи целото општество како би придонело во решавањето на локалните проблеми. Проектот “Фото Глас“ претставува: Фото Глас – реши го сопствениот проблем со еден клик на фото апаратот.

Што е фото глас? Една слика илјада збориви. Фото глас е метода (алатка) наменета за решавање на локалните проблеми преку употреба на иновативни методи, комуникација и пред се фотографија/слика. Фото гласот служи да иницира брзо и едноставно решавање на локалните проблеми од сферата на инфраструктурата, секојдневниот живот, здравството, образованието, екологијата и културата преку нивно експлицитно јавно прикажување и нај директно посочување на проблемот до надлежните, но и до оние кои се директно засегнати од проблемот да се вклучат во решавањето на истиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.