Граѓански апел до ЈП Комуналец од Кавадарци

Контејнерот се наоѓа кај новите таканаречени “социјални” згради или до мостот кај сточниот пазар. Како што стои во дописот до нашата редакција, контејнерот е преполн веќе неколку денови. Oд преполниот контејнер се шири неподнослива смрдеа а кучињата скитници додатно ја влошуваат сликата. Tие ги разнесуваат преполните кеси со ѓубре низ целата улица.

Во самиот допис револтирано стои “Многу е грозна сликата кога се движиме по оваа улица, ги затнуваме носовите, зошто многу мириса. Не знаеме веќе каде да се обратиме за да се реши овој проблем со ѓубрето. Па затоа ве молиме да го објавите овој допис, па се надеваме дека ќе го видат раководните лица на ЈП Комуналец и ќе ги пуштат нивните екипи за да го испразнат контејнерот кој е преполн со ѓубре“.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.