Анкета НОВАТВ: Граѓаните не и веруваат на Комисијата за лустрација

Едно од имињата, поточно она на академик Славко Јаневски (кој почина пред 13 години), ја разбрани македонската јавност, а Комисијата остана глува на критиките од МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија.

Според МАНУ, постапката на Комисијата за верификација на факти против академик Славко Јаневски е удар одвнатре врз македонскиот национален идентитет, уставниот и правниот поредок на Република Македонија.

Од Македонскиот ПЕН центар, не сфаќаат „со колкава леснотија Комисијата за лустрација се пресметува со мртви луѓе кои не можат да се бранат и да ја докажат својата невиност“.

Во спроведената анкета, екипата на НОВА го побара мислењето од граѓаните, очигледно беше одбивањето од нивна страна да се зборува на тема: Славко Јаневски.

Текст и видео НОВАТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.