Граѓаните до градоначалникот Панов: “Да се реши проблемот со смрдеата од реката, не сме заборавиле што ветувавте!”

Екипата на порталот „Мојот Град“ излезе на терен да изврши увид за настанатиот проблем како и да поразговара со жителите од овој дел од градот за вистинската состојба. Наидовме на повозрасен човек, старец, кој вели: 

Смрдеата од ден на ден е се поголема. Оваа миризба не се поднесува. Не знаеме во што е проблемот, но најверојатно се фекалиите. Изгледа дека фекалиите во целост, 100% се пуштени во самата река, и поради тоа е ова присуство на смрдеа.” 

Еден од граѓаните кој живее во непосредна близина на детската градинка кажува:

Каква е оваа неодговорност од страна на институциите. Кејот на реката поминува покрај детската градинка. Оградата на детската градинка поминува покрај самата река. Кога е убаво времето децата се во дворот на градинката и ја дишат оваа неподнослива смрдеа. Тоа е зараза за нашите најблиски, за нашите најмили. Јас сакам да ја искористам оваа прилика да испратам апел до Јавното Претпријатие „Комуналец“ да го реши овој проблем во овој дел од градот.
Граѓаните ревлтирани од неисполнетите и празни ветувања на градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, велејќи дека многумина од овој дел на градот токму заради ветувањето за решавање на овој проблем и го дале својот глас на последните локални избори токму за Панов. Во тој контекст револтиран граѓанин вели:

Пренесете му на градоначалникот, да го реши проблемот со неподносливата смрдеа. Но исто така пренесете, дека, граѓаните од овој дел на градот не заборавиле дека е ветено да се доправи останатиот дел од кејот на реката. Што сме поразлични ние од оние граѓани на кои им е направен кејот? Дали ние не плаќаме данок, како и оние граѓани на кој им е направен? Во летниот период поради недостиг на вода во самата река, се создаваат бари кои се извор на зарази, бактерии, и неподнослива миризба. Сакаме да ни се урбанизира кејот на реката“.

После овие изјави и реакции од граѓаните на овој дел од град Кавадарци, се надеваат дека ЈП „Комуналец“ ќе ги пушти своите служби на терен и ќе го решат проблемот со неподносливата смрдеа. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.